31. јули 2007. - Новиот албум на Тоше Проески – Игри без граници од денес е во официјалната продажба во Македонија, а од утре, среда 1. август, ќе можат да го набават сите негови фанови во Хрватска и во Србија. Како што не известија од неговата продуцентска куќа – Аворд Ентертејмент, CD-то по цена од 300 денари го има насекаде низ Македонија, со акцент на продажните места на Време и во подобро снабдените музички продавници. Дистрибутер е Носталгија рекордс (телефон: 02/ 31 32 010).На албумот се наоѓаат 16 песни, а првичните импресии од фановите се дека станува збор за досега најдоброто остварување на Тоше, кое никого нема да go остави рамнодушeн. Од албумот веќе се издвојува првата хит-песна. Станува збор за темата Никој како тебе не бакнува, која завладеа во радискиот етер, додека на ТВ-каналите може да се погледне спотот за Волим осмијех твој, која Тоше ја отпеа во дует со хрватската пејачка и актерка Антонија Шола.
Официјалната промоција на албумот се очекува да се случи во септември, кога Тоше ќе се врати од својот годишен одмор...